ISO сертификација: имплементација и сертификат
Ве водиме од првата анализа до сертификатот. Ги подготвуваме процедурите и записите, го обучуваме вашиот тим и посредуваме при сертификацијата со StandCert – Белград, независно сертификационо тело акредитирано од Акредитационото тело на Србија (АТС), потписник на IAF MLA, преку кое сертификатите се меѓународно признаени.
Стандарди што ги имплементираме
- ISO 9001 — управување со квалитет
- ISO 14001 — животна средина
- ISO 45001 — безбедност и здравје при работа
- ISO/IEC 27001 — безбедност на информации
- ISO/IEC 20000-1 — управување со ИТ услуги
- ISO 13485 — медицински помагала
- HACCP и ISO 22000 — безбедност на храна
- ISO 50001 — енергетски менаџмент
- ISO/IEC 17020 и ISO/IEC 17025 — консалтинг за акредитација на тела за контрола и лаборатории
Процесот во четири чекори
- Анализа — ја проценуваме моменталната состојба и барањата на стандардот
- Документација — изработуваме процедури, политики и записи по мерка
- Имплементација — ги воведуваме процесите и го обучуваме тимот
- Сертификат — ве подготвуваме и посредуваме при проверката со StandCert – Белград
Кофинансирање преку АПП
Во соработка со Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија (АПП) вршиме имплементација на ISO стандарди, со можност за поврат на средства до 50%.
CE означување
Помагаме и за сообразност на производи со директивите на ЕУ: електрични апарати, PVC столарија, камини и соларни системи.
Побарајте понуда
Јавете се или пишете ни. Ќе ви одговориме и ќе ви кажеме што точно ви треба.
Често поставувани прашања
Кој го издава сертификатот?
Сертификатот го издава StandCert – Белград, сертификационо тело акредитирано од АТС. МИТ Контрол е консултант што ве подготвува и посредува при сертификацијата.
Дали може да се добие поврат на средства?
Во соработка со АПП постои можност за поврат на средства до 50% за имплементација на ISO стандарди. Ќе ви објасниме како да аплицирате.
Колку трае имплементацијата?
Зависи од стандардот, големината на фирмата и постојната документација. По првата анализа ви даваме јасен план и рок.
