Проценка на загрозеност и План за заштита и спасување
Законот за заштита и спасување бара од правните лица да ги проценат опасностите од природни непогоди и други несреќи и да планираат како ќе ги заштитат луѓето и имотот. Ние ги изработуваме двата документа за вашата фирма, на меморандум, со дел „Донесување и важење“ подготвен за потпис.
Проценка на загрозеност од природни непогоди и други несреќи
Проценката ги опфаќа опасностите што можат да го загрозат вашиот објект и вработените (на пример земјотрес, поплава, пожар, техничко-технолошки несреќи), нивната веројатност и последиците, како и силите и средствата со кои располагате. Врз основа на прашалник за вашата фирма, документот го прилагодуваме на реалната состојба.
План за заштита и спасување
Планот произлегува од проценката и ги утврдува мерките, задачите, одговорните лица и постапките за заштита и спасување, вклучувајќи евакуација, прва помош и соработка со надлежните служби.
Како работиме
- Пополнувате краток прашалник за фирмата и објектот
- Ги изработуваме проценката и планот по мерка
- Ги добивате на меморандум во Word и PDF, подготвени за потпис
- Ве советуваме кога треба да ги ажурирате
Побарајте понуда
Јавете се или пишете ни. Ќе ви одговориме и ќе ви кажеме што точно ви треба.
Често поставувани прашања
Која е разликата помеѓу проценката и планот?
Проценката ги анализира опасностите и ризиците. Планот кажува што конкретно се прави за заштита и спасување. Планот се изработува врз основа на проценката.
Што треба да подготвам јас?
Основни податоци за фирмата, објектот, дејноста и бројот на вработени. Сè останато е во нашиот прашалник.
Дали ги изработувате и документите за заштита од пожари?
Да, нудиме и правилник за заштита од пожари и експлозии, план за евакуација и евиденција на ПП апарати.
